РУСИЈА ОСЛОБОДИ 144 УКРАИНСКИ ВОЈНИЦИ 95 бранители се од „Азовстал“, 43 од нив се припадници на „Азов“
Меѓу ослободените борци има 30 маринци, 28 припадници на редовната армија, 17 гранични војници, девет припадници на територијалната одбрана и еден полицаец. Најстариот ослободен борец има 65, а најмладиот 19 години.
Украинското Министерство за одбрана денеска ја објави веста која што несомнено ќе воодушеви голем број Украинци.
Тие наведуваат дека денеска се случила нова размена на заробеници со Русија и дека, како што пишуваат, таа е најголемата од почетокот на руската инвазија. Според Украинците, 144 борци биле ослободени од руско заробеништво.
Од 144 ослободени борци, 95 се бранители на челичарницата Азовстал во Мариупол, а меѓу нив има и 43 припадници на Азовскиот полк, кои Русите го нарекуваат „нацисти“.
Меѓу ослободените борци има 30 маринци, 28 припадници на редовната армија, 17 гранични војници, девет припадници на територијалната одбрана и еден полицаец. Најстариот ослободен борец има 65, а најмладиот 19 години.
Повеќето од ослободените Украинци имаат сериозни повреди – рани од куршуми и шрапнели, изгореници, скршеници и ампутирани екстремитети, соопшти украинското Министерство за одбрана.