РУСИЈА ОДРЖУВА ИЗБОРИ ВО ОКУПИРАНИТЕ ТЕРИТОРИИ Украина вели – изборите се нелегални

Русија не контролира целосно ниту еден од четирите региони каде што се одржуваат избори (Донецк, Луганск, Запорожје и Керсон). Овие региони, заедно со Крим, кој Москва го анектираше во 2014 година, сочинуваат речиси една петтина од територијата на Украина.

332

Москва организира избори во окупираните украински територии. Властите поставени од Русија вчера почнаа да одржуваат регионални избори во делови на Украина за кои Русија минатата година тврдеше дека се нејзина територија.

Русија не контролира целосно ниту еден од четирите региони каде што се одржуваат избори (Донецк, Луганск, Запорожје и Керсон). Овие региони, заедно со Крим, кој Москва го анектираше во 2014 година, сочинуваат речиси една петтина од територијата на Украина.






Украинските власти велат дека изборите се нелегални и покажуваат зошто е невозможно да се одржат какви било мировни преговори со Русија.

Гувернерите назначени од Москва во сите четири региони бараат целосен мандат на изборите кои завршуваат на 10 септември, кога во Русија ќе се одржат регионални избори.

Поврзани содржини