Русија оди чекор напред во вакцинацијата, сега е достапна вакцина во уште една форма

Рускиот државен научен центар за вирусологија и биотехнологија „Вектор“ исто така објави дека доставил документи за регистрација на вакцината „ЕпиВакКорона Н“, стои на веб-страницата на регистарот на лекови на Министерството за здравство на Русија.

681

Руската вакцина „ЕпиВакКорона“ сега е достапна и во шприц, соопшти Центарот за истражувања „Вектор“, кој ја разви вакцината. Досега имаше само верзија на вакцината во ампула.

Вакцината во шприцот може значително да го забрза процесот на имунизација, лесна е за употреба и затоа е погодна за оддалечени населби.






„ЕпиВакКорона“ е, по „Спутник V“, втората вакцина против коронавирусот регистрирана во Русија.

Рускиот државен научен центар за вирусологија и биотехнологија „Вектор“ исто така објави дека доставил документи за регистрација на вакцината „ЕпиВакКорона Н“, стои на веб-страницата на регистарот на лекови на Министерството за здравство на Русија.

– Датум на регистрација на дојдовниот број: 28.06.2021 … Трговско име: „ЕпиВакКорона Н“, вакцина заснована на пептидни антигени за превенција од ковид-19 – напишано е на веб-страницата.

Како што е наведено, станува збор за вакцина за спречување на ковид-19. Се произведува во форма на суспензија за интрамускулна употреба, „1 доза/0,5 милилитри”.

Вакцината е изработена врз основа на истата технологија како и веќе регистрираната „ЕпиВакКорона“ – заснована на пептидни антигени, пренесуваат руските медиуми.

Претходно беше објавено дека Министерството за здравство на Русија издало дозвола за спроведување на првата и втората вакцина против ковид-19 на „ЕпиВакКорона Н“, која е развиена од Државниот научен центар „Вектор“.

Клиничките испитувања започнаа на 8 април и треба да завршат на 30 септември 2021 година.

Поврзани содржини