Русија одговори реципрочно и протера македонски дипломат од Москва

На 14 мај Македонија протера руски дипломат од Скопје, поради „активности што не се во согласност со однесувањето кое се очекува од странски дипломат што служи во земјата домаќин“.

604

На 10 јуни, в.д. амбасадорка на Република Северна Македонија во Руската Федерација, Оливера Чаушевска-Димовска, била поканета во Министерството за надворешни работи на Русија, каде ѝ била врачена нота на Министерството, со која вработен во Амбасадата во Москва се прогласува за персона нон грата, соопшти Руската амбасада на Фејсбук.

Оваа мерка, како што велат, е „одговор на сосема немотивирана одлука на македонската страна за прогласувањето на дипломат во Амбасадата на Русија во Скопје за персона нон грата, која беше донесена во мај оваа година.






Рускиот дипломат беше протеран од земјава на 14 мај, поради „активности што не се во согласност со однесувањето кое се очекува од странски дипломат што служи во земјата домаќин“.

 

Поврзани содржини