РУСИЈА ОД 1 МАРТ ЗАБРАНУВА ИЗВОЗ НА БЕНЗИН Забраната не важи само за 6 земји
Со овој потег Москва има намера да ја компензира зголемената побарувачка на домашните потрошувачи и земјоделците и да овозможи планирано сервисирање на рафинериите.
Русија од 1 март ќе го забрани извозот на бензин на 6 месеци, изјави портпаролката на Александар Новак, вицепремиерот задолжена за надзор на енергетскиот сектор во земјата.
Со овој потег Москва има намера да ја компензира зголемената побарувачка на домашните потрошувачи и земјоделците и да овозможи планирано сервисирање на рафинериите.
Русија усвои слична забрана помеѓу септември и ноември минатата година за да се справи со високите домашни цени и недостигот на деривати. Само четири земји – Белорусија, Казахстан, Ерменија и Киргистан, беа изземени од овие мерки. Овие земји некогаш беа дел од Советскиот Сојуз, а сега ја формираат Евроазиската економска унија.
Тие ќе бидат изземени и во новата забрана, заедно со Монголија, Узбекистан и два отцепени региони на Грузија поддржани од Русија – Јужна Осетија и Абхазија.