Русија не се откажува од изградбата на гасоводот „Северен поток 2“
Санкциите воведени против овој проект се одраз на нечесната конкуренција и спротивни на меѓународните закони, изјави портпаролот на Кремљ, Димитриј Песков.
Плановите да заврши изградбата на гасоводот „Северен поток 2“ не се променети, а санкциите воведени против овој проект се одраз на нечесната конкуренција и спротивни на меѓународните закони, изјави портпаролот на Кремљ, Димитриј Песков.
– Нашиот став кон воведувањето санкции е познат. Тој не се менува и е исклучително негативен. Сметаме дека таквите аспирации не се ништо друго освен одраз на нелојалната конкуренција и акција која е спротивна на меѓународното право – истакна Песков.