РУСИЈА НЕ САКА МИР, САМО ЈА ЕСКАЛИРА ВОЈНАТА Макрон ги осуди последните руски напади на украинската инфраструктура

Во понеделник ќе отпатувам за Лондон за да се сретнам со украинскиот претседател, британскиот премиер и германскиот канцелар, со цел да ја процениме ситуацијата – рече францускиот претседател.

1

Францускиот претседател Емануел Макрон остро го осуди последниот голем руски напад врз украинската енергетска и железничка инфраструктура, ветувајќи дека Франција ќе продолжи да го поддржува Киев во потрагата по мир.

– Русија се затвора во ескалациски пат и не бара мир. Остро ги осудувам масовните напади кои синоќа беа насочени кон Украина, особено нејзината енергетска и железничка инфраструктура, напиша францускиот претседател на Х.






Тој најави и клучен состанок кој ќе се одржи следната недела.

– Мораме да продолжиме да вршиме притисок врз Русија за да ја принудиме да го избере мирот. Во понеделник ќе отпатувам за Лондон за да се сретнам со украинскиот претседател, британскиот премиер и германскиот канцелар, со цел да ја процениме ситуацијата и тековните преговори во рамките на американското посредување, информира Макрон.

Тој нагласи дека Украина може да смета на „непоколебливата поддршка“ на Франција и дека Коалицијата на подготвените дејствува токму со таа цел.

– Ќе ги продолжиме овие напори со Американците за да ѝ обезбедиме на Украина безбедносни гаранции, без кои нема да биде можен никаков силен и траен мир. Затоа што, она што е во прашање во Украина е и безбедноста на цела Европа, заклучи Макрон.

Поврзани содржини