„РУСИЈА НЕ НАПАЃА ЦИВИЛИ ЗА РАЗЛИКА ОД НАЦИСТИТЕ ВО КИЕВ“ Лавров откри што таргетира Кремљ во Украина

Рускиот министер за надворешни работи, Сергеј Лавров, го привлече вниманието на фактот дека Киев секојдневно напаѓа „очигледно цивилни цели“ со беспилотни летала и со западни проектили.

329

Центрите за одлучување во Киев може да бидат директна цел на руски напади, во зависност од заканите кои доаѓаат, изјави рускиот министер за надворешни работи, Сергеј Лавров, додавајќи дека Москва никогаш не напаѓа цивилни цели.

– Ние избираме цели за уништување на територијата на Украина само врз основа на заканите за Руската Федерација. Тоа може да бидат воени објекти, претпријатија од одбранбената индустрија, центри за одлучување во Киев, но одговорот на цивилните цели не е наше правило. Тоа се методите на нацистите кои се населиле во Киев со поддршка на Западот и на оние кои ги снабдуваат со оружје за уништување на цивилната инфраструктура и на цивилите – изјави Лавров пред домашните и странските новинари, пренесува ТАСС.






Лавров го привлече вниманието на фактот дека Киев секојдневно напаѓа „очигледно цивилни цели“ со беспилотни летала и со западни проектили.

Поврзани содржини