РУСИЈА НЕ ГИ ПОШТЕДИ НИТУ УКРАИНСКИТЕ ПРЕТСТАВНИЦИ НА ЕВРОСОНГ Додека тие пееја руските сили го гранатираа нивниот роден град

Градоначалникот на Тернопил, Серхиј Надал, изјави дека во нападот биле оштетени магацини, додека шефот на регионалната администрација Володимир Труш изјави дека најмалку две лица се повредени.

963

Родниот град на евровизиските претставници на Украина бил погоден од руски проектили само неколку моменти пред бендот Творчи да излезе на сцената во Ливерпул.

Градоначалникот на Тернопил, Серхиј Надал, изјави дека во нападот биле оштетени магацини, додека шефот на регионалната администрација Володимир Труш изјави дека најмалку две лица се повредени.






Само десет минути пред да излезат на сцената, Творчи на Инстаграм ги цитираа извештаите за нападот на Тернопил.

– Тернопил е името на нашиот роден град кој беше бомбардиран од Русија додека пеевме на евровизиската сцена за нашите челични срца, нескротливоста и волјата – изјавија по настапот.

Поврзани содржини
na