Русија наскоро ќе одобри и втора вакцина за коронавирус
Најавено е дека вакцината ќе биде готова на почетокот на октомври.
Русија се подготвува да издаде дозвола за втора вакцина против коронавирусот. Најавено е дека тоа ќе се случи на крајот на септември или на почетокот на октомври.
Ова го соопшти заменичката на рускиот премиер Татјана Голикова.
На владина седница Голикова го информирала рускиот претседател Владимир Путин дека раните фази на клиничко тестирање на вакцината ќе бидат завршени до крајот на септември.
Втората руска вакцина ја развива рускиот Институт за вирусологија „Вектор“ во Сибир.