РУСИЈА МОРА ДА БИДЕ УНИШТЕНА? Украинскиот конзул во Црна Гора во сабота организира антируски протести

„Маршот на единството“, како што Шматов го нарекол во објавата, ќе започне во 12 часот, а повикани биле сите граѓани на Црна Гора.

2,213

„Русија мора да биде уништена“ со хаштаг-знак напишал, па набрзо избришал Михаило Шматов, украинскиот министер во Црна Гора, на што реагираше руското МНР, јавува РусијаДенес. Набрзо, Марија Захарова испрати протестна нота до црногорското МНР барајќи зголемено обезбедување на руската амбасада. Причината? Во сабота во Подгорица се спремаат протести за поддршка на Украина.

„Маршот на единството“, како што Шматов го нарекол во објавата, ќе започне во 12 часот, а повикани биле сите граѓани на Црна Гора. Но, кога видел дека Захарова реагира, Шматов подоцна го сменил хаштагот во „Украинците ќе се спротивстават“. Марија, исто така, на социјалните мрежи напишала дека хаштагот е доказ за тоа „кој е тој кој всушност има агресивни планови“.






Шматов потоа пак одговори на коментарите на Захарова додавајќи:

„Признавањето на вашите активности од страна на непријателот е бесценето. Продолжуваме во следната епизода.“

Поврзани содржини