РУСИЈА МОБИЛИЗИРА ОД 140.000 ДО 180.000 ЗАТВОРЕНИЦИ ЗА ВОЈНАТА Откриени нови детали за воената стратегија на Кремљ

Според податоците, заклучно со ноември минатата година, во руските казнени колонии казни отслужувале приближно 300-350 илјади луѓе.

917

Русија мобилизирала меѓу 140.000 и 180.000 затвореници кои се бореле во војната против Украина, објави Укринформ, повикувајќи се на украинската Служба за надворешно разузнавање.

Според нејзините податоци, заклучно со ноември минатата година, во руските казнени колонии казни отслужувале приближно 300-350 илјади луѓе.






„Овој број е половина од затворениците во колониите во 2014 година. Намалувањето на нивниот број е директно поврзано со руската војна во Украина“, истакнаа од украинската разузнавачка служба, цитирана од Укринформ.

Поврзани содржини