РУСИЈА КОРИСТИ НУКЛЕАРЕН ШТИТ ВО ЗАПОРОЖЈЕ Блинкен вели Русите се борат неодговорно

608

Американскиот државен секретар Ентони Блинкен ги нарече активностите на Русија околу најголемата нуклеарна централа во Украина, Запорожје, „врв на неодговорност“, обвинувајќи ја Москва дека ја користи како „нуклеарен штит“ во нападите врз украинските сили.

– Вашингтон е длабоко загрижен што Москва сега ја користи нуклеарната централа како воена база и пука врз украинските сили од нејзината околина – изјави Блинкен.






– Се разбира, Украинците не можат да возвратат со цел да избегнат страшна несреќа во нуклеарната централа – рече тој.

Акциите на Русија отидоа подалеку од користењето „човечки штит“, рече Блинкен, нарекувајќи го „нуклеарен штит“.

На 20 јули Русија ја обвини Украина дека испукала два дрона во Запорожје, која е и најголемата нуклеарна централа во Европа, но посочи дека реакторот не е оштетен.

Поврзани содржини