РУСИЈА ИЗДАДЕ ПОТЕРНИЦА ПО УКРАИНСКИ КОМАНДАНТИ Киев оцени дека е обид за психолошки притисок

Не е наведено поради што се издадени потерниците, кои украинската страна ги оцени како уште еден обид за деморализирање на своите сили.

122

Руското Министерство за внатрешни работи издало потерници по двајца од највисоките воени команданти на Украина, врховниот командант на украинските сили Валериј Залужни и генерал-полковник на копнените сили Олександр Сирски, јавија руски медиуми.

Не е наведено поради што се издадени потерниците, кои украинската страна ги оцени како уште еден обид за деморализирање на своите сили.






– Вршењето психолошки притисок врз команданти кои се борат против непријател кој е значително посилен и во однос на војниците и во однос на оружјето е бесмислено – коментира заменик-министерката за одбрана на Украина Хана Малиар.

Поврзани содржини