Русија издаде потерница по Леонид Волков, соработникот на Навални

Руските медиуми денеска соопштија дека Волков моментално се наоѓа во странство

370

Руските власти издадоа потерница по Леонид Волков, близок соработник на опозицискиот лидер Алексеј Навални, јавија британските  медиуми.

Волков ги повика руските граѓани на 14 февруари, на Денот на вљубените, да се соберат пред своите куќи и да ги вклучат светлата на нивните мобилни телефони и свеќите во форма на срце, да го снимат тој настан таа приказна, и секој од нив да ја сподели на социјалните мрежи.






Руските медиуми денеска соопштија дека Волков моментално се наоѓа во странство

Од апсењето на Алексеј Навални, на 17 јануари во Москва, веднаш по неговото слетување со авион од Германија, каде неколку месеци беше на лекување, десетици илјади Руси протестираа на улиците на руските градови.

Поврзани содржини