РУСИЈА ИСПУКА РАКЕТА ВО ЈАПОНСКОТО МОРЕ Воена вежба или провокација на Курилските острови? (ВИДЕО)

Токио ги нарекува Курилските острови со името Северни територии. Овој спор меѓу двете земји датира од Втората светска војна, кога припадниците на Црвената армија ги окупираа островите.

672

Руска подморница успешно ја лансираше крстаречка ракета „Калибар“ од Јапонското Море кон цел оддалечена повеќе од 1.000 километри, што се наоѓа на полигон на руско копно, објавија руските медиуми. Подморницата била во билизина на Курилските острови во Охотското Море, територија која Јапонија ја смета за своја.

 






Во соопштението на руската морнарица се вели дека воените маневри на подморницата вклучувале и тајно движење и поддршка од воени бродови, авиони и беспилотни летала, пишува Н1.

 

Токио ги нарекува Курилските острови со името Северни територии. Овој спор меѓу двете земји датира од Втората светска војна, кога припадниците на Црвената армија ги окупираа островите.

Поради спорот, Русија и Јапонија никогаш не потпишаа мировен договор.

Поврзани содржини