РУСИЈА ИСПРАТИ ФОТКИ ОД МЕСЕЧИНАТА, ИНДИЈА ИСТО ТАКА Светските сили се тркаат во вселената
Но, истовемено една друга вселенска и светска сила во пораст Индија, испрати фотографии од површината на земјата од своето летало Чандрајан 3. На црнобелите фотки од индиската вселенска агенција се гледаат карпи и кратери, а на една се наѕира и погонскиот модул.
По 50 години Русите испратија фотографии од површината на Месечината. Овојпат од нејзината темна страна. Руската сонда „Луна-25“ која на 10 август се вивна во небото од космодромот Восточни ги направила фотките на 13 август, а руската вселенска агенција Роскосмос ги објави следниот ден.
Според Роскосмос, се работи за фотка од кратерот Земан. Според компанијата, кратерот е искличителен објект на површината на Месечината, кој предизвикува голем интерес кај научнциите, бидејќи висината на рабовите кои го опкружуваат достигнува до осум километри над површината на релативно рамното дно.
„Беа измерени потоци од гама зраци и неутрони од површината на Месечината, а беа добиени параметрите на кружната вселенска плазма и гасноправливата егзосфера во кружната орбита“, се наведува во соопштението на руската вселенска агенција.
Агенцијата објавуви и фотографии од леталото во атмосферата на кои Земјата и Месечината се гледаа како точки во позадината. Црнобелите фотографии го откриваат руското знаме и лепенката на леталото, додека Земјата и Месечината сјаат во црнилото на вселената.
Откако ќе слета на еден од трите кратери на јужниот пол на Месечината Луна-25 ќе бара вода во облик на мраз со помош на осум инструменти. Меѓу нив е и ласерскиот спектрометар. Сондата е дизајнирана да работи најмалку една година.
Но, истовемено една друга вселенска и светска сила во пораст Индија, испрати фотографии од површината на земјата од своето летало Чандрајан 3. На црнобелите фотки од индиската вселенска агенција се гледаат карпи и кратери, а на една се наѕира и погонскиот модул.
За Индијата, ова е трета мисија на Месечината.
Фотографиите се направени од Викрам, лендерот на Чандрајан-3, кој ја започна последната фаза од својата мисија во четвртокот.
Викрам, кој носи ровер во својот стомак, треба да слета во близина на јужниот пол на 23 август.
Фотките од индиското летало може да се прегледаат во следното видео.
Chandrayaan-3 Mission:
View from the Lander Imager (LI) Camera-1
on August 17, 2023
just after the separation of the Lander Module from the Propulsion Module #Chandrayaan_3 #Ch3 pic.twitter.com/abPIyEn1Ad— ISRO (@isro) August 18, 2023