РУСИЈА ИМА УСЛОВ ЗА МАРИУПОЛ Истакнете „бели знамиња“ за да склучиме примирје

624

Руското Министерство за одбрана соопшти дека е подготвено за хуманитарно примирје во фабриката за челик Азовстал во Мариупол, последното упориште на украинските сили во стратешки важниот пристанишен град, доколку војниците на Киев се предадат.

„Повторуваме дека Русија е подготвена во секој момент да воведе прекин на огнот и да прогласи хуманитарна пауза за евакуација на цивилното население“, соопшти Министерството за одбрана, додавајќи дека прекинот на огнот ќе започне со подигање на „бели знамиња“ од страна на украинските сили.

Поврзани содржини