РУСИЈА ИМ УДРИ КЛОЦА НА ДВАЈЦА БРИТАНСКИ ДИПЛОМАТИ ОБВИНЕТИ ЗА ШПИОНАЖА Лондон тврди дека Кремљ злонамерно лаже

Ова не е првпат Русија да изнесува злонамерни и неосновани обвинувања против нашиот персонал, изјави портпарол на британското Министерство за надворешни работи.

295

Министерството за надворешни работи на Велика Британија денеска ги осуди „злонамерните и неосновани обвинувања“ за наводна шпионажа што ги наведе руските власти да протераат британски дипломати.

– Ова не е првпат Русија да изнесува злонамерни и неосновани обвинувања против нашиот персонал – изјави портпарол на британското Министерство за надворешни работи.






Лондон ги отповика акредитивите на руски дипломат на почетокот на февруари, како одговор на протерувањето на британски дипломат во ноември од страна на Москва.

Руската служба за безбедност (ФСБ) денеска ја објави својата одлука да протера двајца британски дипломати поради сомневање за шпионажа.

 

Поврзани содржини