РУСИЈА И УКРАИНА РАЗМЕНИЈА ВОЕНИ ЗАРОБЕНИЦИ По 205 борци од двете страни се вратија дома со помош на Емиратите

Руското Министерство за одбрана соопшти дека руските војници се вратени дома од украинска територија, како резултат на преговорите со властите во Киев, а за возврат, руските сили ослбодија украински борци.

96

Русија и Украина денеска, како резултат на преговарачкиот процес, разменија по 205 воени заробеници, соопшти руското Министерство за одбрана.

„Како резултат на преговарачкиот процес, 205 руски војници беа вратени од територијата која ја контролира режимот во Киев“, соопшти руското Министерство.






Во исто време, руските сили ослободија 205 украински борци, а хуманитарни и медијациски напори беа обезбедени од Обединетите Арапски Емирати.

Поврзани содржини