РУСИЈА И УКРАИНА РАЗМЕНИЈА 307 ЗАРОБЕНИЦИ Дали Украина е поблиску до добивање нацрт-договор од Кремљ за траен мир?

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, потврди дека уште 307 украински воени заробеници се вратиле дома како дел од размената, договорена со Русија, додека, пак, шефот на руската дипломатија, Сергеј Лавров, најави подготовка на нацрт-документ со предложени услови за долгорочен мировен договор, кој би бил предаден кога ќе заврши разменувањето затвореници.

160

Русија и Украина ја продолжија најголемата размена на заробеници досега, при што секоја страна ослободи уште 307 лица, соопшти денеска руското Министерство за одбрана, пренесува ДПА.

Министерството најави дека размената на заробеници ќе продолжи.






И украинскиот претседател Володимир Зеленски потврди дека уште 307 украински воени заробеници се вратиле дома како дел од размената, договорена со Русија.

Русија и Украина вчера соопштија дека размениле по 390 лица, како дел планираната осолободување на по вкупно 1.000 воени заробеници и од двете страни. Ова е најголемата размена на заробеници од почетокот на војната во Украина, а беше договорена минатата недела за време на разговорите во Истанбул.

За потсетување, шефот на руската дипломатија, Сергеј Лавров изјави дека Русија е подготвена да ѝ достави на Украина нацрт-документ со предложени услови за долгорочен мировен договор. Тој рече дека Москва останува посветена на мирно решавање на конфликтот што трае повеќе од 3 години.

– И натаму сме отворени за дијалог и активно работиме на документ што ќе ги дефинира условите за стабилен и траен мир. Штом завршат размените на заробеници, ќе бидеме подготвени да ѝ го предадеме тој нацрт-договор на Украина – изјави Лавров.

РУСИЈА СПРЕМА НАЦРТ-ДОГОВОР ЗА ТРАЕН МИР Ќе ѝ го предаде на Украина по размената на затвореници

Поврзани содржини