РУСИЈА И УКРАИНА ПРОДОЛЖИЈА СО МЕЃУСЕБНИ НАПАДИ Дронови летаа од двете страни на фронтот

Украинците со дронови нападнаа во Белгород, Воронеж и Ростов, додека Русите нападнале во Чернихов и во регионот околу Киев.

199

Русија и Украина разменија тешки воздушни напади во изминатите денови. Двете земји продолжија со борбите иако изразија спремност за 30-дневен прекин на огнот предложен од САД.

Рано утринава три лица се повредени, меѓу кои и едно седумгодишно дете, во напад на украинско беспилотно летало на рускиот пограничен регион Белгород, објави регионалниот гувернер Вјачеслав Гладков на апликацијата за пораки Телеграм.






– Двајца од нив се повредени откако беспилотно летало удрило во нивната куќа, предизвикувајќи пожар во областа Губкин во регионот, додека уште едно лице е повредено во напад со беспилотно летало на селото Долгоје – изјави Гладков.

Александар Гусев, гувернер на југозападната руска област Воронеж, напиша на Телеграм дека единиците за противвоздушна одбрана уништиле повеќе од 15 украински беспилотни летала над регионот.

 

Вршителот на должноста гувернер на јужниот руски регион Ростов изјави дека одбранбените единици одбиле напад со беспилотни летала врз регионот во текот на ноќта, без извештаи за повредени или материјална штета.

Во Украина, властите известија за неколку напади со руски беспилотни летала, вклучително и во северниот регион Чернихив, каде што пожарникарите се бореа со пожар што беше предизвикан од напад со руски беспилотни летала, соопшти украинската служба за вонредни состојби.

Украинските медиуми објавија дека серија експлозии одекнале околу главниот град Киев.

Поврзани содржини