Русија и помага на Америка во битката со коронавирусот

Песков наведе дека Русија понудила помош во вид на медицинска и заштитна опрема, свесна за „тешката епидемиолошка ситуација“ во САД.

449

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков најави дека Русија ќе испрати авион со медицинска и заштитна опрема во САД.

– Се очекува авионот да полета до крајот на денот – изјави синоќа Песков.






Тој додаде дека помошта е договорена во понеделникот за време на телефонскиот разговор помеѓу претседателот на Русија, Владимир Путин и американскиот претседател Доналд Трамп.

Песков наведе дека Русија понудила помош во вид на медицинска и заштитна опрема, свесна за „тешката епидемиолошка ситуација“ во САД.

– Трамп со благодарност ја прифати оваа хуманитарна помош – посочи Песков.

Портпаролот на Кремљ наведе дека Путин нудејќи им помош на САД, имал во предвид, кога американските производители на медицинска опрема обезбедат резерви да и вратат на Русија на ист начин. Тој додаде дека на таков принцип соработуваат Москва и Пекинг.

– Сега кога моменталната ситуација влијае и може да се окарактеризира како глобална, не постои алтернатива за заедничката работа во духот на партнерството и взаемната помош – истакна Песков.

Поврзани содржини