РУСИЈА И НАТАМУ СЕ ТРЕСЕ ПО РАЗОРНИОТ ЗЕМЈОТРЕС ОД 8,8 СТЕПЕНИ Експертите предупредуваат, следуваат нови потреси

Два земјотреса со јачина од 6 и 5,6 степени биле забележани во Пацификот, на растојание од 164 и од 241 километар југоисточно од градот Северо-Курилск, на островот Парамушир. Меѓународните станици за следење земјотреси регистрирале бројни последователни потреси во текот на ноќта, многу од нив со јачина над 5 степени и на помала длабочина од само околу 10 километри.

330

Последователни потреси и денеска продолжија да го тресат рускиот Далечен Исток, еден ден откако силен земјотрес го погоди брегот на рускиот полуостров Камчатка, предизвикувајќи предупредувања за цунами за милиони жители долж Пацификот.






Два земјотреса на Пацификот

Два потреса со јачина од 6 и 5,6 степени се регистрирани во Пацификот на оддалеченост од 164 и од 241 километар југоисточно од градот Северо-Курилск, на островот Парамушир, соопшти руската државна новинска агенција ТАСС.

Засега нема извештаи за поплавни бранови.

Напорите за расчистување и денеска се во тек во градот на Курилските Острови, соопшти регионалниот гувернер Валери Лимаренко на Телеграм, откако Северо-Курилск беше погоден од неколку цунами бранови предизвикани од земјотресот со јачина од 8,8 степени кај Камчатка.

Земјите кои граничат со Пацификот, од Јапонија, Кина и Филипините до Хаваи, западниот брег на САД и латиноамериканските земји како Мексико и Еквадор, издадоа предупредувања и наредби за евакуација по силниот потрес поради страв од цунами бранови опасни по живот. Сепак, речиси цел ден по земјотресот што го потресе рускиот Далечен Исток, немаше извештаи за големи штети.

Големиот земјотрес, кој се случи околу 11:24 часот по локално време во средата (23:24 часот по Гринич во вторник), беше регистриран од Геолошкиот институт на САД со јачина од 8,8 степени – најсилниот во светот од катастрофата во Фукушима во Јапонија во март 2011 година, и еден од шесте најмоќни земјотреси некогаш измерени.

Бројни потреси во текот на ноќта, се очекуваат повеќе

Меѓународните станици за следење земјотреси регистрирале бројни последователни потреси во текот на ноќта, многу од нив со јачина над 5 степени и на помала длабочина од само околу 10 километри. Се очекуваат повеќе потреси во наредните недели, пренесе ДПА.

КАЛИФОРНИЈА ПОГОДЕНА ОД ЦУНАМИ БРАНОВИ ВИСОКИ 1 МЕТАР, КОЛУМБИЈА НАРЕДИ ЕВАКУАЦИЈА Намалено е предупредувањето за цунами на Хаваи и во Јапонија

Поврзани содржини