РУСИЈА И ХАМАС СИ РАЗМЕНУВААТ БЛАГОДАРНИЦИ Москва изрази благодарност за ослободените Руси, милитантите му се заблагодарија на Путин за поддршката

Руските власти велат дека заложниците не биле ослободени како дел од размената меѓу Израел и Хамас, туку како резултат на договор меѓу Русија и милитантната група.

246

Министерството за надворешни работи на Русија изрази благодарност до милитантната палестинска група Хамас по вчерашното ослободувањето на двајцата руски државјани заробени во Газа. Властите велат дека заложниците не биле ослободени како дел од размената меѓу Израел и Хамас, туку како резултат на договор меѓу Русија и милитантната група која му изрази благодарност на Владимир Путин за поддршката.

„Нашите сонародници беа ослободени на 29 ноември во согласност со договорот што го постигнавме со движењето Хамас. Ние сме благодарни на раководството на Хамас за нивната позитивна реакција на нашите упорни барања. Ќе продолжиме да бараме ослободување на другите Руси кои се притворени во Појасот Газа што е можно поскоро“ – соопшти руското министерство за надворешни работи.

Поврзани содржини