РУСИЈА ГО ЗЛОУПОТРЕБУВА ПРАВОСЛАВИЕТО Стејт департментот обвини за тајни и злонамерни обиди за инструментализација на православниот идентитет

Луѓето треба да бидат слободни да донесуваат одлуки за тоа како ги изразуваат своите религиозни убедувања, без надворешно мешање, вклучително и од странски влади, рече портпаролот на Стејт департментот.

800

Американскиот Стејт департмент ја обвини Русија дека злонамерно го користи православниот идентитет за да ги унапреди своите геополитички интереси.

Портпарол на Стејт департментот рече дека „Русија е вклучена во тајни и отворени злонамерни обиди да го инструментализира православниот идентитет за да ги задоволи сопствените геополитички интереси, со поддршка на одредени православни цркви и други лидери, притоа поткопувајќи ги другите религии“.






Тој исто така ја истакна важноста што САД ја придаваат на промоцијата и заштитата на верските слободи, додавајќи дека „заштитата на слободата на религијата или верувањето, вклучително и слободата на верските малцинства, останува клучен елемент на надворешната политика на САД“.

„Луѓето треба да бидат слободни да донесуваат одлуки за тоа како ги изразуваат своите религиозни убедувања, без надворешно мешање, вклучително и од странски влади“, рече портпаролот на Стејт департментот.

Поврзани содржини