РУСИЈА ГО ЗАТВОРА ВЕНТИЛОТ По Полска, од утре и Бугарија останува без руски гас

Компанијата соопшти дека руската енергетска фирма Газпром ја информирала дека сите испораки на гас во земјата ќе бидат прекинати од 08:00 часот по средноевропско време.

2,927

Бугарската компанија Булгаргаз ЕАД доби известување дека испораките на природен гас од Гаспром експорт ќе бидат суспендирани од утре 27 април 2022 година.

Бугарската страна целосно ги исполнила своите обврски и навремено, строго и во согласност со договорот и неговите клаузули и ги извршила сите плаќања.






По анализата на државната компанија Булгаргаз и Бугарскиот енергетски холдинг (БЕХ) е откриено дека новата процедура за плаќање во две фази предложена од Русија не е во согласност со постоечкиот договор до крајот на оваа година и претставува значителен ризик за Бугарија.

Министерството за енергетика, Бугарскиот енергетски холдинг, Булгаргаз и Булгартрансгаз презедоа чекори за изнаоѓање алтернативни аранжмани за снабдување со природен гас и за справување со ситуацијата. Во моментов во Бугарија не се потребни рестриктивни мерки за потрошувачката.

Претходно денес пристигна информација дека Русија од утре ќе престане да испраќа гас во Полска, соопшти полската државна компанија за гас ПГНиГ.

Компанијата соопшти дека руската енергетска фирма Газпром ја информирала дека сите испораки на гас во земјата ќе бидат прекинати од 08:00 часот по средноевропско време.

„Газпром“ го оправда потегот со новите правила објавени минатиот месец, според кои „непријателските“ земји мора да плаќаат за гас во рубли, а ПГНиГ одби да го стори тоа.

ПГНиГ се потпира на Гаспром за најголемиот дел од увозот на гас и 53 отсто од увозот го купи од руската компанија во првиот квартал од оваа година.

Таа го опиша исклучувањето како прекршување на договорот, додавајќи дека компанијата ќе преземе чекори за да го врати протокот на гас.

Поврзани содржини