РУСИЈА ГО ОГРАНИЧУВА ИЗВОЗОТ НА ЗЛАТО И ГОТОВИНА Путин воведе строги финансиски правила

Русија воведува лимити за изнесување готовина и забрана за извоз на златни плочки потешки од 100 грама.

66

Рускиот претседател Владимир Путин потпиша декрети со кои се ограничува извозот на готовина и злато од Русија, во обид да се спречи одливот на капитал и да се намали сивата економија.

Со првата одлука се воведува ограничување за изнесување рубљи преку границите кон земјите од Евроазиска економска унија. Од 1 април, физички лица ќе можат да пренесуваат готовина во вредност до 100.000 долари, според курсот на Банката на Русија, со одредени исклучоци.






Вториот декрет предвидува забрана за извоз на рафинирани златни плочки потешки од 100 грама, која ќе стапи во сила од 1 мај. Мерката не се однесува на комерцијалните банки, но важи за физички и правни лица, како и за индивидуални претприемачи.

Според руските власти, побарувачката за готовина се зголемила и покрај процесот на дигитализација. Само во јануари 2026 година бил регистриран нето одлив од околу 13,2 милијарди долари од банкарскиот систем, делумно поради бизниси кои се префрлуваат во сивата економија.

Рускиот заменик-министер за финансии Алексеј Мојсеев изјави дека златото сè почесто се користи како замена за странска валута во нелегални трансакции, што дополнително го поттикнува одливот на капитал и перењето пари.

Во документите се предвидени и исклучоци. Изнесувањето готовина ќе биде дозволено преку одредени меѓународни аеродроми со соодветна документација. За златото, ограничувањата нема да важат во случаи кога извозот се врши преку контролни пунктови на аеродромите Внуково, Шереметјево, Домодедово и Кневичи, со дозвола од надлежните институции.

Поврзани содржини