РУСИЈА ГИ ПОВИКА ЗЕМЈИТЕ ДА ГИ ПРИЗНААТ ДОЊЕЦК И ЛУГАНСК Тоа би бил единствениот излез

Руските пратеници денеска изгласаа ратификување на договорите на претседателот Владимир Путин склучени со лидерите на двете сепаратистички републики во источна Украина, еден ден откако шефот на руската држава ја призна нивната независност и нареди да бидат таму испратени војници.

1,103

Русија денеска ги повика другите земји да го следат нејзиниот пример при признавањето на сепаратистичките републики во источна Украина, откако рускиот претседател Владимир Путин вчера потпиша указ за независност на Доњецк и на Луганск и нареди на руската армија да испрати таму војници како „мировни сили“.

„Русија ги повикува другите држави да го следат нејзиниот пример, се наведува во соопштението на руското Министерство за надворешни работи.






Во соопштението се додава дека признавањето на двете самопрогласени републики од страна на Москва, што е осудено од Западот, „не било лесно, но е единствениот можен чекор“.

Руските пратеници денеска изгласаа ратификување на договорите на претседателот Владимир Путин склучени со лидерите на двете сепаратистички републики во источна Украина, еден ден откако шефот на руската држава ја призна нивната независност и нареди да бидат таму испратени војници.

Долниот дом на рускиот Парламент, Думата, гласаше за одобрување на договорите на Путин за пријателство со самопрогласените „Доњецка Народна Република“ (ДНР) и „Луганска Народна Република“ (ЛНР). Гласањето заврши со бурен аплауз од пратениците. Думата, исто така, гласаше за предложен амандман, според кој договорите треба да стапат во сила од моментот на објавување

Поврзани содржини