РУСИЈА ГИ ИГНОРИРА ЗАКАНИТЕ НА ТРАМП Москва вели дека нема отстапување, не стравуваат од санкциите

Рускиот функционер Константин Кошачов тврди дека заканите од САД немаат ефект врз Москва и го обвини Западот дека ја користи Украина како инструмент за профит.

645

Високиот руски функционер Константин Кошачов јасно порача дека заканите на американскиот претседател Доналд Трамп за воведување 100-процентни царини на Русија не ја менуваат позицијата на Москва.

„Тоа не нѐ допира ни најмалку“, изјави потпретседателот на Горниот дом на рускиот парламент. Според него, ако тоа било сè што Трамп имал да каже во врска со Украина, тогаш целиот притисок од САД во голема мера „испарил“.






Кошачов додаде дека Европа сега ќе треба да плаќа сѐ повеќе, бидејќи „бесплатниот ручек“ што го добивала се покажа како замка. Во контекст на новата политика, тој ги обвини Соединетите Американски Држави дека се единствениот вистински добитник, особено поради профитот на американската воена индустрија.

„Украина може да продолжи да води војна до последниот Украинец“, предупреди Кошачов, заклучувајќи дека во наредните 50 дена може да има значајни промени – и на бојното поле, и во ставовите на креаторите на политиките во САД и НАТО.

Во меѓувреме, претседателот Трамп денес најави нов пакет воена помош за Украина, кој ќе се реализира преку модел каде што САД ќе произведува и продава оружје на земјите-членки на НАТО, а тие ќе го испраќаат во Киев. Трамп нагласи дека Украина итно има потреба од најмодерна опрема, која САД ќе ја испорача, додека европските земји ќе ги покријат сите трошоци.

Истовремено, Трамп се закани со воведување 100 отсто царини за Русија доколку во рок од 50 дена не се постигне договор за завршување на војната. Тој најави и таканаречени секундарни санкции за сите земји кои ќе продолжат да купуваат руска нафта, што подоцна беше потврдено и од Белата куќа.

Поврзани содржини