РУСИЈА Е ВАЖНА ЧЛЕНКА НА Г20 Никој нема право да ја исклучи земјата од организацијата
Русија е важна членка на Г20 и ниту една членка нема право да исклучи друга, вели Ванг Венбин од Министерството за надворешни работи на Кина.
Кина ја оквалификува Русија како „важна членка“ на Г20, откако САД го покрена прашањето за нејзино исклучување од групата 20 најразвиени земји во светот, по инвазијата на Украина.
– Г-20 е главниот форум за меѓународна економска соработка – изјави за новинарите портпаролот на кинеското Министерство за надворешни работи Ванг Венбин.
– Русија е важна членка и ниту една членка нема право да исклучи друга, потенцираше тој.