РУСИЈА ЌЕ ПОМОГНЕ ВО ПРЕГОВОРИТЕ СО ИРАН Путин разговараше со Нетанјаху

Путин истакна дека Москва е подготвена да помогне во изнаоѓање преговарачко решение за иранската нуклеарна програма.

167

Рускиот претседател Владимир Путин денеска телефонски разговараше со израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху за ситуацијата на Блискиот Исток.

Путин истакна дека Москва е подготвена да помогне во изнаоѓање преговарачко решение за иранската нуклеарна програма.






„Имајќи ја предвид неодамнешната ескалација на иранско-израелскиот конфликт, руската страна ја истакна подготвеноста да стори сè што е можно за да го олесни изнаоѓањето преговарачко решение за иранската нуклеарна програма“, се наведува во соопштението објавено на веб-страницата на Кремљ.

Поврзани содржини