РУСИЈА Е ПОДГОТВЕНА ДА ПРЕГОВАРА СО УКРАИНА Путин му фрли ракавица на Зеленски
Дури беше подготвен и заеднички прифатлив договор, кој украинската страна го парафираше. Сепак, поради совет даден од надвор, кој подоцна беше потврден од официјалните претставници на Украина, украинската страна го отфрли тој договор, рече рускиот лидер зборувајќи за преговорите меѓу Москва и Киев кои се одржаа на почетокот на војната.
Рускиот претседател Владимир Путин денеска изјави дека земјата е подготвена да води преговори со Украина.
– Неколку пати кажав дека Русија не само што е подготвена за преговори, туку во одредена фаза, на самиот почеток на овој конфликт, ги водеше тие преговори. Дури беше подготвен и заеднички прифатлив договор, кој украинската страна го парафираше. Сепак, поради совет даден од надвор, кој подоцна беше потврден од официјалните претставници на Украина, украинската страна го отфрли тој договор – рече Путин на церемонијата на предавање на акредитивните писма на странските амбасадори во Кремљ, пренесува Риа Новости.
Рускиот лидер исто така рече дека Русија е отворена за меѓусебна соработка со сите земји.
– Русија е отворена за заемно корисна соработка со сите земји без исклучок за принципите на еднаквост, немешање во внатрешните работи и строго почитување на меѓународното право – рече тој.
Говорејќи за конфликтот на Блискиот Исток, Путин изјави дека Русија активно се обидува да спречи палестинско-израелскиот конфликт да ескалира во поголема војна.