РУСИЈА Е КРИВА ЗА РАКЕТИТЕ, БЕЗ ОГЛЕД НА ИСТРАГАТА Белата куќа побрза да го каже последниот збор

Без оглед на потеклото на ракетите кои паднаа во Полска, САД ја обвинуваат Русија за инцидентот.

715

САД ја сметаат Русија одговорна за ракетниот инцидент во Полска, без оглед на резултатите од истрагата, објави Белата куќа. Во соопштението се додава и дека САД не виделе никакви информации кои би биле во спротивност со прелиминарните заклучоци дека украинската ракета паднала на територијата на Полска, јавува РИА.

Полските медиуми на 15 ноември објавија дека две ракети паднале во војводството Лублин на границата со Украина, при што загинале две лица. Министерството за надворешни работи на земјата соопшти дека ракетата што паднала во Полска е од руско производство.






Но, оваа информација не беше потврдена во САД, а тогаш американскиот претседател Џозеф Бајден објави дека според прелиминарните информации не е точна верзијата дека се работи за руски проектил. Руското министерство за одбрана, од своја страна, изјави дека проектилите се дел од антиракетниот систем С-300 кој го користат украинските сили.

Поврзани содржини