РУСИЈА ЌЕ ГО ЗАГОРЧИ ЛЕБОТ Цената на житото на светскиот пазар се покачува за 15%

Суспендирањето на Црноморскиот договор за извоз на украински жита најверојатно ќе влијае на поскапувањето, предупредуваат од Меѓународниот монетарен фонт.

741

Повлекувањето на Русија од договорот за безбеден извоз на украинско жито преку црноморските пристаништа може да предизвика глобално зголемување на цените на житото од 10% до 15%, проценува Меѓународниот монетарен фонт (ММФ).

Според главниот економист на ММФ, Пјер-Оливие Гуринчас, Црноморскиот договор за жито бил „многу важен“ за да се обезбеди гаранција дека може да се извезат доволни количини жито од Украина за да се олеснат ценовните притисоци врз прехранбените производи.






-Суспендирањето на договорот за извоз на украински жита најверојатно ќе влијае на поскапувањето. Се уште проценуваме колку ќе биде поскапувањето, но сметаме дека е разумна проценка дека поскапувањето ќе биде во опсег од 10% до 15%, најави Гуринчас.

Поврзани содржини