Русија ќе ги следи болните од корона преку мобилен

209

Рускиот премиер Михаил Мишустин денеска објави рок од пет дена да биде развиен систем за следење мобилни телефони за да имаат информации за контакт за заразени лица со коронавирусот.

Според новиот систем, луѓето ќе добијат информации ако биле во контакт со заразено лице, а истите тие информации ќе бидат доставени до специјален регионален штаб за борба против Ковид-19.






Кремљ објави дека мерките се легални и дел од стратегијата на Русија за спречување на ширењето на коронавирусот.

Ќе бидат следени „граѓаните во контакт со пациенти заразени со новиот коронавирус врз основа на телекомуникациски операторски информации за геолокација на мобилниот телефон на секоја личност, што ќе им овозможи на граѓаните да бидат информирани (преку мобилен телефон) дали биле во контакт со заразено лице и со испраќање релевантни пораки за тоа дали да одат во самоизолација“, се вели во соопштението на Министерството за комуникации.

Поврзани содржини