РУСИЈА ЌЕ ЈА ПРЕПЛАВИ ЕУ СО МИГРАНТИ ОД АФРИКА? Кој ја контролира маршрутата, тој ги контролира изборите!

Ако можете да ја контролирате маршрутата на мигрантите низ Европа, можете да ги контролирате и изборите бидејќи со мигранти можете да ограничите или да „преплавите“ некоја област за да влијаете на јавното мислење во клучен миг, рекол анонимен извор.

1,234

Русија користи тактика со која може да ја „преплави“ Европа со мигранти од Африка преку паравоените едници под контрола на Кремљ, открива британскиот Телеграф.

Новинарите на Телеграф имале увид во разузнавачки документи со планови на руски агенти за контрола и за следење на мигрантите. Според плановите, Кремљ планира да вработи либиски паравоени единици за да бидат „гранична полиција“ на мигрантските маршрути.






Москва има влијание на главната маршрута за миграција и граничната полиција предупредува дека со доаѓањето на пролетта расте ризикот од голем број мигранти.

– Ако можете да ја контролирате маршрутата на мигрантите низ Европа, можете да ги контролирате и изборите бидејќи со мигранти можете да ограничите или да „преплавите“ некоја област за да влијаете на јавното мислење во клучен миг – рекол анонимен извор.

Велика Британија е една од земјите со голем проблем со мигранти. Лани во Обединетото Кралство (ОК) нелегално влегле 52.530 мигранти. Премиерот на Велика Британија Риши Сунак има проблем со разработена „шема“, односно мали бродови од Руанда коишто за пари превезуваат луѓе до Велика Британија.

Граничната полиција на Европска унија (ЕУ) „Фронтекс“ соопшти дека Русија ги користи мигрантите за притисок и за зголемено влијание. Се проценува дека најголемата закана за Европа во 2024 година е токму оваа акција на Русија.

Поврзани содржини