РУСИЈА ДОБИ ГАРАНЦИЈА ЗА БЕЗБЕДНОСТ Москва нема да ја евакуира амбасадата во Кабул
Портпаролот на талибанците Сухаил Шахин изјави дека тие имаат „добри односи со Русија“ и „заедничка политика за безбедни услови за функционирање на руските и други амбасади“
Москва не планира да ја евакуира својата амбасада во Кабул додека талибанските борци се пред главниот град на Авганистан, изјави Замир Кабулов, портпарол на Министерството за надворешни работи на Русија.
– Не е планирана евакуација – рече Кабулов нагласувајќи дека одржува „директен контакт“ со рускиот амбасадор во Кабул. Персоналот на амбасадата продолжува да работи – додаде тој.
Русија е меѓу земјите што добија гаранции за безбедност од талибанците за нивните амбасади, додаде Кабулов.
– Ги добивме овие гаранции пред извесно време. Русија не е единствената што ги доби – изјави тој.
Портпаролот на талибанците Сухаил Шахин изјави дека тие имаат „добри односи со Русија“ и „заедничка политика за безбедни услови за функционирање на руските и други амбасади“