РУСИЈА ДОБИ БАЛИСТИЧКИ РАКЕТИ ОД ИРАН И ЌЕ ГИ ИСКОРИСТИ ПРОТИВ УКРАИНЦИТЕ Техеран ќе предизвика драматична ескалација, предупредија САД

Државниот секретар на САД, Ентони Блинкен, рече дека Вашингтон го предупредил Техеран и јавно и приватно дека обезбедувањето балистички ракети „ќе предизвика драматична ескалација“.

511

Русија доби пратки со балистички ракети од Иран и најверојатно ќе ги користи во рок од неколку недели во Украина против Украинците, изјави денеска американскиот државен секретар, Ентони Блинкен, а објави Гардијан.

Државниот секретар рече дека Вашингтон го предупредил Техеран и јавно и приватно дека обезбедувањето балистички ракети „ќе предизвика драматична ескалација“.






– Овој развој и растечката соработка меѓу Русија и Иран ја загрозуваат европската безбедност и покажуваат како дестабилизирачкото влијание на Иран достигнува далеку подалеку од Блискиот Исток – рече тој.

Блинкен рече и дека САД ќе објават нови санкции кон Иран.

Британскиот министер за надворешни работи, Дејвид Лами, го нарече снабдувањето со балистички ракети од Иран за Русија „значителна ескалација“.

Поврзани содржини