РУСИЈА ДА ОДГОВАРА ЗА ВОЕНИТЕ ЗЛОСТОРСТВА ВО УКРАИНА Белата куќа се јави со коментар за налогот за апсење на Путин
Претседателот на САД, Џо Бајден претходно јасно стави до знаење дека САД работат на тоа Русија да одговора за своите ѕверства и воените злосторства против човештвото кои се извршуваат на територијата на Украина, изјави Џон Кирби, координатор за стратешки комуникации во Белата куќа.
Белата куќа излезе со коментар по повод налогот за апсење на Владимир Путин и уште едно руско официјално лице издаден денеска од Меѓународниот кривичен суд.
– Претседателот на САД, Џо Бајден претходно јасно стави до знаење дека САД работат на тоа Русија да одговора за своите ѕверства и воените злосторства против човештвото кои се извршуваат на територијата на Украина – изјави во врска со ова Џон Кирби, координатор за стратешки комуникации во Белата куќа.
Имаме намера да продолжиме да ги помагаме меѓународните органи затоа што тие собираат докази и веќе започнаа со нивна анализа, рече тој.