РУСИЈА БИЛА НА ПРАГ НА НОВ БУНТ? Ден по смртта на Пригожин, специјалците од Вагнер тргнале кон Москва
На 24 август, ден по смртта на Пригожин, било планирано истоварување на „десантни трупи од групата Вагнер“ во Москва, според Телеграм каналот ВЧК-ОГПУ.
Ден по смртта на шефот на Вагнер, Евгениј Пригожин, Русија била на праг на нов бунт, откако специјалците од воената групација тргнале во нов напад на Москва, се претпоставува, поради сомнежите дека рускиот врв стои зад авионската несреќа, како што објави Телеграм Каналот ВЧК – ОГПУ.
Смртта на Пригожин и на неколку негови најблиски соработници, сѐ уште не е разјаснета до крај и досега нема доволно информации кои би можеле да ги решат бројните прашања за експлозијата во неговиот авион. Вчера Пригожин беше тајно погребан на гробиштата Похоровски во Санкт Петербург.
Сега се поставуваат прашања за судбината на војската на Пригожин, а Телеграм каналот ВЧК-ОГПУ наведува дека специјалците од Вагнер подготвувале нова бунт против Москва.
Според тврдењата на овој канал, на 24 август, ден по смртта на Пригожин, било планирано истоварување на „десантни трупи од групата Вагнер“ во Москва.
„Напладне, токму во моментот на идентификација на телата, кога се дозна дека челниците на Вагнер загинале, од аеродромот во Уљановск полета транспортен авион АН-124 (РА-820300), со кој Вагнер префрли луѓе и опрема. Судејќи според начинот на кој авионот кружел над Уљановск, екипажот и војниците внатре очигледно чекале наредба каде да летаат и што да прават. Но, на крајот очигледно им било наредено да се вратат назад, бидејќи 50 минути подоцна, транспортерот слетал на истиот аеродром, каде што се наоѓа и денес“ – стои во објавата на Телеграм.
Информациите кои ги презентира каналот ВЧК-ОГПУ засега не може да се проверат од независни извори, но очигледно е дека Русија врие под површината, пренесуваат медиумите.
За потсетување, Евгениј Пригожин со борците од Вагнер групата на крајот на јуни годинава започна напад на воениот врв во Москва, но неговиот бунт траеше само еден ден, бидејќи брзо беше постигнат договор со Путин.
Според договорот постигнат со посредство на белорускиот претседател Александар Лукашенко, Пригожин требаше да замине во Белорусија, а обвиненијата против членовите на Вагнер да бидат отфрлени по бунтот за да се избегне „крвопролевање“.
Само два месеци подоцна, авионот во кој бил Пригожин со неговите најблиски соработници се урна во регионот Твер, меѓу Москва и Санкт Петербург. Загинаа сите десет патници во авионот, тројца членови на екипажот и седум припадници на Вагнер, што остави простор за бројни претпоставки.