РУСИЈА ЈА СПУШТИ РАМПАТА Забранет влез за Трудо и 600 Канаѓани во земјата

На списокот, меѓу другите, се и вицепремиерката Кристија Фриланд, министерката за одбрана Анита Ананд, Камерон Ахмад директор за комуникации на Кабинетот на премиерот и други функционери, пратеници, јавни личности и новинари.

394

Руското Министерство за надворешни работи денеска соопшти дека воведува забрана за влез за речиси 600 канадски граѓани, меѓу кои и премиерот Џастин Трудо.

Министерството објави список од 592 канадски државјани на кои им е забранет влезот во Русија.






– Нагласуваме дека руската страна ги воведува овие санкции исклучиво како присилна реакција на непријателските дејствија на канадското раководство – се вели во соопштението на руското МНР.

На списокот, меѓу другите, се и вицепремиерката Кристија Фриланд, министерката за одбрана Анита Ананд, Камерон Ахмад директор за комуникации на Кабинетот на премиерот и други функционери, пратеници, јавни личности и новинари.

Русија воведе слична забрана за патување на стотици британски членови на парламентот.

Поврзани содржини