РУСИЈА ЈА ОБВИНИ ПОЛСКА ДЕКА Е ВМЕШАНА ВО АТЕНТАТОТ ВРЗ РУСКИОТ ГЕНЕРАЛ Напаѓачот е уапсен во Дубаи и предаден на Москва
рускиот генерал и воен разузнавач Владимир Алексеев, кој беше ранет во атентатот во Москва во петокот, се освестил по операцијата, соопшти Руската Федерална служба за безбедност.
Полските специјални служби ѝ помогнале на Украина да го регрутира човекот осомничен за нападот и да го организира атентатот врз рускиот генерал и воен разузнавач Владимир Алексеев, соопшти Руската Федерална служба за безбедност (ФСБ).
Генералот Алексеев, кој беше ранет во атентатот во Москва во петокот, се освестил по операцијата, додаде ФСБ.
Љубомир Корба, главниот осомничен за пукањето во петокот е уапсен во Дубаи, Обединетите Арапски Емирати и префрлен во Москва за време на викендот. ФСБ тврди дека доказите покажуваат оти Варшава го искористила синот на Корба, полски државјанин, за да ѝ помогне на Службата за безбедност на Украина (СБУ) да го регрутира напаѓачот.
ФСБ објави и дека двајца мажи се изјасниле за виновни за неуспешниот обид за атентат врз рускиот генерал и признале дека дејствувале по наредба на Безбедносната служба на Украина.
Украина негираше каква било вмешаност во атентатот во петокот.