РУСИЈА ЈА НАПАДНА УКРАИНА СО РАКЕТИ И СО НАД 100 „ШАХЕДИ“ Погодени се 14 цели

До 9 часот изутрина, украинската противвоздушна одбрана успеала да неутрализира 79 дронови, претежно во северните, источните и јужните региони на земјата. Од нив, 40 биле директно соборени, а преостанатите 39 биле елиминирани со електронска интервенција или исчезнале од радарските системи.

329

Во текот на ноќта меѓу 1 и 2 јули, руските сили ја нападнаа Украина со 4 противвоздушни ракети С-300, 114 беспилотни летала од типот „Шахед“ и со неколку видови мамец-дронови, соопшти Украинската воздухопловна команда преку Телеграм, објави Украинска правда.

До 09:00 часот наутро, украинските единици за противвоздушна одбрана успеале да уништат 79 од овие беспилотни летала, главно во северниот, источниот и во јужниот дел на земјата. Од вкупниот број, 40 дронови биле соборени со директна огнена сила, додека, пак, 39 биле неутрализирани преку системи за електронска војна или исчезнале од радар.






Според воздухопловните власти, руските дронови погодиле 14 цели на украинска територија, а остатоци од соборени летала паднале во најмалку 2 области.

Поврзани содржини