РУСИЈА ЈА ГРАНАТИРАШЕ ЖЕЛЕЗНИЧКАТА СТАНИЦА ВО ХЕРСОН Настрадаа цивили што го чекале возот за евакуација

Во рускиот напад на Херсон едно лице е убиено, а најмалку три се повредени.

492

Русија ја гранатираше железничка станица во Херсон, јужна Украина, додека цивилите се подготвуваа да го напуштат градот, изјави украинскиот министер за внатрешни работи Игор Клименко, пренесе БТА.

Во рускиот напад едно лице е убиено, а најмалку три се повредени.






„Херсон, оваа вечер. Околу 140 цивили чекаат на станицата да тргне возот за евакуација. Во овој момент непријателот започнува масовно гранатирање на градот“ – објави Клименко на Телеграм.

Еден полицаец е убиен, а двајца цивили и двајца полицајци се ранети од шрапнели, додаде тој.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека за време на нападот „таму имало многу цивили“ и дека сите служби, итни и спасувачки, се веќе на лице место

Украинската железничка компанија „Укрзализна“ на „Телеграм“ извести дека станицата и возот се оштетени.

Поврзани содржини