Рудникот САСА казнет со 50.000 евра за истекувањето на јаловината во Каменичка Река

319

Рудникот САСА треба да плати 50.000 евра, а  одговорното лице глоба во висина од 15.000 евра, одлучи Инпекторатот за животна средина по увидот на водостопанскиот инспектор за истекувањето на јаловината од рудникот во Каменичка Река, што се случи на 14-ти  месецов.

Инспекторатот и Рудникот САСА склучија спогодба за плаќање глоба со задолжување за спроведување на девет мерки, во посредство на Комисијата за спогодување на Министерството за животна средина и просторно планирање, информира Инспекторатот.






За сторениот прекршок истекување на јаловишен материјал од рудникот Саса во Каменичка Река, согласно ова спогодба Рудникот САСА е задолжен да спроведе осум мерки.

Да ги исчисти деловите од речното корито на река Каменица од јаловишен материјал и истиот да го однесе на депонијата за јаловиште со која располага рудникот, врз основа на претходно обезбедена согласност, дозвола од МЖСПП. Да се изврши интервентно чистење на талогот на јаловината од бунарската зона на Каменица со цел да се спречи понатамошно загадување на подземните води со кои се снабдуваат бунарите за водоснабдување на дел од населението од општина Македонска Каменица, а потоа да се продолжи со чистење на речното корито на реката.

Да го исчисти зафатот од талогот на мала хидроелектрана која е под јаловиште бр. 4 со цел ставање во функција на зафатот на вода за производство на електрична енергија. Да го стабилизира објектот јаловишна брана бр.4 и однесениот материјал јаловишен песок да го замени со соодветен материјал со исти или повисоки јакосни карактеристики. Санацијата на јаловишната брана да биде според техничко решение изработено од Рудник САСА на основа на документација обезбедена согласно закон.

Да се отстрани геосинтетичката облога во делот на конктактите каде потпира хидројаловипшната брана бр.4 за да не дојде до недозволена контактна филтарација. Да се предвидат дополнителни мерки за оперирање со хидројаловиштето пред се зголемување на должината на плажата од јаловишна кал со кое ќе се минимизира можноста од повторна контактна филтрација,

Да се предвиди времено решение доколку има испуштање на заматена вода низ преливен колектор поради сигурност на браната при што заматената вода да биде задржана во постоен резервоар и со пумпна станица да биде вратена во технолошкиот процес. Да се постапи согласно член 198 од Законот за води т.е. според препораките од Годишниот извештај за анализа и стабилност на брани изработен со елаборат за анализа и стабилност на брана за 2019 г, кој треба да биде одобрен согласно член 195 од Законот за води.

 

 

Поврзани содржини