📽️ РУДНИК ВО КОНГО СТАНА ГРОБНИЦА Повеќе од 200 загинати, меѓу нив има и 70 деца
Рудникот Рубаја обезбедува околу 15 проценти од светското производство на колтан, руда што се преработува во тантал, метал отпорен на топлина, кој е многу баран од производителите на мобилни телефони, компјутери, компоненти за авиони и гасни турбини.
Повеќе од 200 луѓе загинаа во лизгање на земјиштето предизвикано од обилните дождови во рудникот за колтан (колумбит-танталит) Рубаја во источен ДР Конго, соопшти Министерството за рударство на Конго.
Висок функционер од бунтовничката група AFC/M23, која го контролира рудникот Рубаја, претходно изјави за Ројтерс дека „само пет или шест лица“ загинале во несреќата што се случи вчера.
Рудникот Рубаја обезбедува околу 15 проценти од светското производство на колтан, руда што се преработува во тантал, метал отпорен на топлина, кој е многу баран од производителите на мобилни телефони, компјутери, компоненти за авиони и гасни турбини.
A landslide triggered by heavy rains killed more than 200 people, including around 70 children, yesterday at the Rubaya coltan mine, the mines ministry told Reuters today. 📍 Eastern Democratic Republic of the Congo.🇨🇩
A similar incident one month ago also killed more than 200… pic.twitter.com/XBKku9HlWp
— Weather Monitor (@WeatherMonitors) March 4, 2026
Рударското место, кое е под контрола на бунтовничката група AFC/M23 од 2024 година, неодамна беше додадено на краткиот список на наоѓалишта на ретки земји што владата на Конго им ги понуди на Соединетите Држави како дел од соработката во областа на експлоатација на минерали од ретки земјени метали.
– Се верува дека несреќата што се случи во вторникот е резултат на обилните дождови во областа во последните денови – изјави за Ројтерс друг висок функционер на AFC/M23.
Министерството за рударство на ДРК соопшти дека меѓу жртвите има околу 70 деца и дека многу од повредените се евакуирани во здравствени установи во градот Гома.