Рудниците градат градови и држави

3,627

Историски гледано секогаш рудниците развивале населени места и во непосредна близина градови околу себе. Таков еден случај е рудникот Алшар. Постојат факти дека во 1978 година се случила средба на раководството на СФРЈ на која се дебатирало дали овој рудник да се даде на НАСА за Американците да го експлоатираат металот кој се наоѓал таму. Станува збор за лорандит, минерал на талиумот. Во близина на рудникот во кој се копало 5.000 години е создадено селото Мајдан во 1877 година, во околината на Кавадарци. Поради целосно запирање на работата во рудникот, таму денес живеат само 2 (две) лица.

Во минатото, во сегашноста и иднината приказната е следна. Минатото е дека од арсенската руда од рудникот Алшар му носела 1.500 акчиња на турскиот султан од вкупно 13.800 од целата империја. Акче е тогашна турска пара.






Сегашноста и иднината е дека штом има арсен значи дека има злато што е докажано. Плус и други метали меѓу кои и талиумот, но и бел минерал најверојатно боракс во неограничени количини, а жителите го употребувале за миење алишта, садови, простории по дома итн.

Денес, како што напоменав, таму има големо наоѓалиште на злато. Геолозите тоа го поврзуваат со големото присуство на арсен. Металурзите, посебно екстрактивците, знаат точно како да вадат чисто злато, а при тоа да не ги загрозат сите човекови потреби – воздух, вода, храна итн. Да дадам еден пример. Сите сте чуле за лекот рицинусово масло. Дали знаете дека растението или цветот содржи токсичен елемент рицин? Токму со ваков отров е убиен бугарскиот дисидент Марков. И тоа со количина помала од 1 милилитар. Фармацевтите умеат да ги изолираат штетните супстанци и да произведат лек исто како што рударите и металурзите умеат да спроведат најмодерни технологии кои ќе обезбедат целосна безбедност за животот, здравјето, земјоделските производи и животната средина.

За жал во Македонија во овој момент против модерните рударски технологии се обидуваат да се наметнат лица кои се кријат зад некаков активизам, кој за да добие хумана димензија се фиксира на екологијата како тема со која наводно овие активисти на јавноста и продаваат дека се окупирани. Овие лица се обични манипулатори кои немаат стручна наобразба да разберат што всушност им зборува науката и за да ја сокријат таа своја празнотија најчесто се служат со навреди. Притоа се работи за алчни луѓе кои поради претходни професионални порази се лесна мета на анти НАТО и анти ЕУ сили, кои со пакети за нивна лична корист ги имаат насочено да одработуваат против економската независност на Македонија со опструкции од различен вид за да по секоја цена се спречи изградба на нови рудници. Затоа, ги слушате и гледате како фрлаат дрва и камења против потенцијалните рударски комплекси Иловица, Казандол…, а за рудниците направени пред неколку децении, кои случајно имаат странски газди, молчат. За нивните субверзивни активности многу брзо ќе бидат објавени докази. Впрочем, во стилот на еден руски медиум кој е под контрола на Дугин, нечии негативни активности кон ЕВН и Македонски Телеком се внимателно нотирани.

Но овие личности во предизборна атмосфера стануваат фактори зошто политиката ги употребува за свои потреби. Меѓутоа, овие коалиции со следбеници на јавачите на апокалипсата ја ставаат Македонија во крајно неповолна финансиска положба. Еве два случаи:

– На арбитража како држава го губиме спорот во врска со рудникот Казандол и ќе платиме штета со првична пресметка од 400 милиони евра,

– Со откажувањето на инвеститорот од хидроелектраната Чебрен пративме силна порака: Ние не сме способни.

Дали за Чебрен слушнавте некаде од големите инженери дека е извршен состанок со хидро метеоролог за да им каже какви дождови ќе има во наредните 60 години за да можат да кажат каков ризик преземаме како држава? Со посебен осврт на тоа дека ладниот руско-скандинавски воздушен бран се прекршува со топлиот од Грција и медитеранот токму во Македонија и тоа кај Кожуф? Не. Или пак од каде ќе се обезбедат средства сами да го изградиме? Не. Дали некаде го читате Галиште како средно од трите каскадни езера? Не. Или пак дали ги слушнавте големите експерти да кажат дека на Македонија ѝ требаат 350 мини хидроцентрали и дека сите после 20 години влегуваат во владеење на државата, а рокот на употреба е до и понатаму? Не!

За Казандол кој сега ќе ја плати штетата? Навредата да не ја ни споменувам. Рудникот ќе загадувал. Директорот е фармаколог, дал заклетва дека ќе го чува човековиот род и целата животна средина. Еден од клучните луѓе е поранешен министер за земјоделие, кој прв дава субвенции од 100 милиони евра и го напишал законот за органска храна. За разлика од нив градоначалникот Перо Костадинов им порача на сите млади од Валандово да си го бараат чарето, наместо да го прифати договорот дека студенти (родум од Валандово) кои ќе студираат металургија, рудникот презема обврска да ги стипендира од втора година со минимум 15.000 денари месечен надоместок (говорам за податок од 2017 година). Ова е клучната разлика помеѓу романтичари политичари и инвеститори прагматичари.

Во една од нашите братски држави Босна и Херцеговина се отвора рудник за злато од кој се очекува извоз од 5 милијарди евра. Ќе се користи најмодерна технологија и очекуваат дека ќе стигнат до 65 тони руда месечно. Инаку, рудното богатство во Босна и Херцеговина погодно за екплоатација е следново: јаглен, термални и термо-минерални води, камен технички и камен архитектонски, железо, боксит, олово, манган, хром, олов-цинк, сребро и злато, магнезит, глина, шљунак и песок, азбест, нафта, сол, гипс, кварцит, кварцен песок, цементни лапорци, бентонит и низ други.

Се поставува едно големо прашање. Што е тоа што го немаат и не се споменува? Бакар.

Е ние спиеме на бакар. Целата жица поминува низ источна Македонија. Имаме 20 милијарди почетна руда со преработувачка металургија можеме да стигнеме до 70 милијарди евра. Не случајно врвна компанија која имала вкупен промет од 244 милијарди евра со 7 милијарди нето добивка (буџетот на Македонија е 5,5 милијарди евра) сака да инвестира во еден рудник за почеток. Зошто кажав почеток? Па ние мора да му дадеме услови кои ќе се достоинствени за обете страни за да можеме да напредуваме.

Наместо тоа. Нас во нашата држава ни мешетарат лажни активисти за екологија (ја исклучувам О2 и Ели Пешева чиј настап за друг тип екологија беше коректен и со знаење) за кои можам да донесам заклучок, кој го базирам врз моето долгогодишно искуство и соработка со медиумската и политичката елита (од најголеми газди на медиуми, уредници на најсилни медиуми, политичари кои биле претседатели, премиери, амбасадори, министри итн).

Една група лажни активисти работат инспирирани од странски служби чија цел е Македонија економски да не напредува.

Други активисти патат од „его трип“ и затоа се зависни од јавни настапи, бидејќи ги возбудува тоа што се поздравуваат срдечно со соседите кои ги гледале на ТВ.

Третата група активисти се специфични. Тие сакаат да склучуваат коалиција со претходниве за некој глас повеќе. Токму третиве ми се најзабавни бидејќи се политичари. И затоа на дел од нив сакам да им предочам дека нивните говори се со аргументација како другарот Шоиќ кога држи говор за рецесија во култниот филм „Тесна кожа“. И тоа оди вака.

Американци веќ одавно кубуре сбуѓети… Немаќка економија посрќе… Ја се ваќам за тенденције и за Европу, а ако се ваќам ја, има да се ваќате и ви… ја као руководеќи орган овог предузеќа… могао би и још дуго око транзиције, али Миле је извадио прасиќе из фурне…

Е вака некако изгледаат политичарите коалициони партнери на лажните екологисти.

Да живее Македонија!

 

 

Поврзани содржини