РУДАРСКИОТ ГИГАНТ „ГЛЕНКОР“ ПРИЗНА ДЕКА ПОДМИТУВАЛ Компанијата дала 26,5 милиони евра во повеќе африкански земји

Англо-швајцарската компанија претходно информираше за постигнати договори со властите во САД, Велика Британија, Бразил, кои истражуваа обвинувања за мито и манипулација на пазарот.

102

Британската подружница на меѓународната рударска компанија „Гленкор“ призна вина пред британски суд за корупција низ Африка.

Компанијата беше обвинета за давање мито за пристап до сурова нафта, јави Бета.






Британското Одделение за тешки измами соопшти дека „Гленкор“, преку своите вработени и други посредници, дала над 28 милиони долари, или 26,5 милиони евра, мито во Нигерија, Камерун, Брегот на Слоновата Коска, Екваторијална Гвинеја, Јужен Судан.

Изрекувањето на пресудата е закажано за во ноември.

„Гленкор“, чие седиште се наоѓа во Швајцарија, веќе соопшти за очекување, покрај спогодба да плати до 1,5 милијарди долари или 1,4 милијарди евра.

Англо-швајцарската компанија претходно информираше за постигнати договори со властите во САД, Велика Британија, Бразил, кои истражуваа обвинувања за мито и манипулација на пазарот.

Поврзани содржини