Рудар преку ноќ станал милионер, а еве на што ќе ги потроши парите

964

Рудар од Танзанија преку ноќ станал милионер откако ископал две најголеми парчиња танзанит, еден од најретките минерали на светот.

Саниниу Лаизер заработил 7,7 милијарди танзаниски шилинзи, односно 3,4 милиони долари, продавајќи ги двете парчиња танзанит, тешки 9,2 и 5,8 килограми.






Досега најголемиот ископан танзанит тежел 3,3 килограми.

– Фокус, одлучност, многу труд и упорност се мојата тајна. Сакам да им се заблагодарам на сите – рекол Лаизер.

52-годишниот рудар, кој има четири жени и повеќе од 30 деца, ветил дека ќе заколе една од своите крави за да прослави.

Своето богатство ќе го искористи за да изгради училиште и трговски центар.

Танзанитот е еден од најретките минерали на светот и може да се ископа само во мало подрачје на Танзанија на површина од 14 километри квадратни.

Поврзани содржини